Користење на Македонска поддршка

  1. Проверка дали е инсталирана Македонска поддршка на Вашиот компјутер!?
  2. Инсталирање на Македонска поддршка
  3. Конверзија на постоечки документи во Македонска поддршка



PDF верзија
Конверзија на постоечки документи во Македонска поддршка

Користење на LS konvert

ЛСКонвертМак в3.0 е додаток за Microsoft Word 97/2000/XP/2003 и нуди можности за конверзија на текстови пишувани со „стари“ кирилични фонтови во текстови со македонска поддршка и обратно.

Вашите постоечки документи кои се искуцани со некој од TTF фонтовите (Mac C Swiss, Mac C Times и т.н.), можат да се конвертираат во формат со Македонска поддршка. За тоа е потребно да го имате LSKonvertMak30.dot. (Можете да го превземете од оваа страна - кликни погоре или тука на Логин Системи)

Неговата големина е во zip формат е 172 KB, 01.11.2005, и можете да го најдете на страната на Логин Системи
(Помошни линкови за ЛСКонвертМак в3.0 - КЛИКНИ ТУКА за zip - 172 KB , а КЛИКНИ ТУКА за отпакуван - 539 KB)

ИЛИ новиот ЛСКонвертМак в4.0 е додаток за Microsoft Word 2007 и нуди можности за конверзија на текстови пишувани со „стари“ кирилични фонтови во текстови со македонска поддршка и обратно. Линкови: ZIP или Отпакуван.

Како да се инсталира
LSKonvertMak30.dot или ЛСКонвертМак в4.0?
Ако сте го симнале ви zip или спакуван формат, најпрво отпакувајте го во некој фолдер или на Desktop од вашиот компјутер.

Се’ што треба да направите е да го снимите LSKonvertMak.dot во следниов фолдер:

C:\Documents and Settings\UserName\Application Data\Microsoft\Word\STARTUP
Ова е патеката каде треба да се смести LSKonvertMak.dot.







Целниот фолдер се вика
STARTUP

Патеката горе кажува каде се наоѓа тој. Во горенаведенат патека со црвено е обележано
UserName, кое го означува вашето корисничко име. Само тоа е различно во патеката, бидејќи сите корисници имаат различни кориснички имиња.

Значи може да отворите Windows explorer и да ги отворите сите овие фолдери, за да дојдете до STARTUP фолдерот, и во него снимите го LSKonvertMak.dot.
Слика 12

Отакако ќе го направите горереченото отворете ја Microsoft Word програмата. Во горното мени на Word кликнете на Tools. Најдолу во паѓачката листа ќе го видите вашиот ЛС КонвертМак . (Слика 13)




Како се користи?
А. Прво го отварате документот кој сакате да го ковертирате. Да претпоставиме дека тој е напишан со Mac C Swiss фонтот.
Б. Потоа кликнувате во горното мени на Tools, па на ЛС КонвертМак. Се отвара ЛС КонвертМак. (Слика 14)

Слика 14

В. Со плави бројки од 1 до 4 се обележани опциите кои ги нуди ЛС КонвертМак.
- Во 1 се обележува првата опција. Всушност таа секогаш си е прва обележана, што значи тука не пипаме ништо.
- Во 2 е одбележан Документ, што значи и тоа така треба да биде.
- Во 3, во горното поле, во паѓачката листа, се избира фонтот кој е користен во документот (претпоставивме дека е тој Mac C Swiss). Во полето под него, кое е именувано „Фонт во кој ќе се конвертира“, се избира фонт за конверзија во Македонска поддршка. Изберете некој од следниве фонтови кои најчесто се користат и содржат Unicode стандард, а тоа се: Arial, Times New Roman, Verdana, Tahoma.
- Во 4 се избира дали фонтот, се мисли на фонтот со кој е напишан документот (во нашиот случај Mac C Swiss) користи Shift за да се откуца мало ш. Нашиов фонт ккористи. Значи не го менуваме тоа.
Г. Сега притиснете на копчето Конвертирај, и оставете го конверторот да си ја изврши работата. Кога ќе заврши ќе добиете известување дека конверзијата е завршена.(Слика 15)

Слика 14

Д. Притиснете на OK, па на копчето Излез.
Ѓ. Снимете си го документот, може под исто име или пак под друго име, како сакате.

На овој начин можете да си ги конвертирате документите во документи со Македонска поддршка.

Неколку корисни забелешки:

1. Ако во документот има повеќе од еден TTF фонт, ја повторувате горната постапка за сите употребени фонтови во документот. Латиничните фонтови ќе си останат како што се. За да видите кои фонтови ги содржи документот, кликнете во менито на Format, па на паѓачката листа најдете го Styles and Formating... и кликнете на него. На десната страна ќе ви се отвори листа со сите фонтови и стилови кои се користени во документот. Така ќе можете со сигурност да видите кои се’ фонтови се користени во тој документ.
Пример: Нека во документот сме користеле Mac C Swiss, M_Swiss од кириличните и Times New Roman од латиничните фонтови. Прво ја започнуваме постапката (од А до Ѓ) како што погоре покажавме за фонтот Mac C Swiss, а го заменуваме со Arial. Потоа ја повторуваме постапката за M_Swiss со тоа што во делот 4 ќе одбереме „мало ш без Shift“, затоа што во овој фонт малите ш,ќ,ѓ се куцаат без Shift. И со него ја завршуваме постапката и го заменуваме со Arial. Сега значи сме добиле документ со Македонска поддршка со Arial фонт, но ни остана латинично Times New Roman. Но, тоа нема ама баш никаква значајна улога. Ако сакате се’ да ви биде во Arial, селектирајте го целиот документ и одберете од паѓачката листа на Word фонт Arial. Тоа е се’. Ако сакате се’ да е во Times New Roman, селектирајте се’ и одберете фонт Times New Roman. Веќе е сеедно, затоа што ваквиот документ е за Word-от со исти тип на фонт.

2. Ако имате документ со Footnotes, тогаш треба да го направите следново. Значи прво ковертирајте го документот како што споменавме погоре. Но, ќе видите дека нема да бидат конвертирани Footnotes. Во ЛС КонвертМак постои избор (во делот под број 2) опција за Заглавие (Header) и Подножје (Footer), но нема избор за Footnotes. Тоа ќе го направите на многу едноставен начин. Отѕкако ќе ја направите стандардната конверзија, кликнете (долу) во содржината на било која Footnote. Е сега повторете ја постапката за кконверзија, се разбира за тој фонт кој е користен во Footnotes. Дури тогаш ќе бидат конвертирани во фонт со Македонска поддршка.