Користење на Македонска поддршка

  1. Проверка дали е инсталирана Македонска поддршка на Вашиот компјутер!?
  2. Инсталирање на Македонска поддршка
  3. Конверзија на постоечки документи во Македонска поддршка



PDF верзија
Инсталирање на Македонска поддршка

Инсталирање на Македонска поддршка

Кликнете на копчето Start (долу лево на екранот) и застанете со стрелката на Settings за да на десно Ви се отвори панелче со список на команди. (Слика 4) Најгоре, на тоа панелче, се наоѓа Control Panel. Кликнете на Control Panel.

Слика 4

Ќе ви со отвори прозор со содржината на
Control Panel (Слика 5). Два пати кликнете на Regional and Language Options.

Слика 5

Ќе се отвори прозорот на Regional and Language Options (Слика 6). Во горниот дел кликнете на TAB - Languages.

Слика 6

Ќе ви се смени горниот дел како на Слика 7.

Слика7

Кликнете на ккопчето Details и ќе го добиете прозорецот Text Services and Input Languages, како на Слика 8.

Слика 8

Со кликнување на копчето Add ќе се отвори прозорец како на Слика 9. Сега кликнете на стрелката на десната страна од полето Input language, и ќе се покаже паѓачка листа во која ќе ја пронајдете FYRO Macedonian.

Слика 9

Кликнете еднаш на FYRO Macedonian, па приtиснете go копчето OK. Како што гледате се враќате на претходниот прозор (Text Services and Input Languages) (слика 10), но сега во сегментот Installed services се наоѓа и FYRO Macedonian. Со кликнување на копчето OK или (ова е сеедно) на копчето Apply, па на копчето OK, постапката е завршена.

Слика 10

Но, за да ви се појави симболот EN на долниот десен дел на екранот, треба да притиснете на копчето Language Bar. Ќе се отвори помошно прозорче Language Bar Settings (Слика 11). Во помошното прозорче Language Bar Settings, треба да ги штиклирате опциите како што е прикажано на Слика 11. Кога ќе го направите тоа, кликнете на копчето OK.

Слика 11

Сега сте повторно во прозорецот Text Services and Input Languages. Како што споменав погоре, со кликнување на копчето OK или пак прво на копчето Apply па на копчето OK, постапката е завршена. Сега треба да се затвори и прозорот Regional and Language Options, со кликнување на OK. И на крај го затвораме и прозорецот на Control Panel. Значи како ги отваравме прозорците, така и ги затвараме.
После оваа процедура, во долниот десен агол ќе биде појавен симболот EN, од каде може да се избира потребната азбука. Или како што пртходно е кажано, може да се користи скратената наредба Alt+Shift на левиот дел на тастатурата, за премин од една во друга азбука.