Користење на Македонска поддршка

  1. Проверка дали е инсталирана Македонска поддршка на Вашиот компјутер!?
  2. Инсталирање на Македонска поддршка
  3. Конверзија на постоечки документи во Македонска поддршка

PDF верзија
ВОВЕД

Македонска поддршка или може да го сретнете изразот Macedonian Unicode или пак само Unicode. Едноставно, тоа е индустриски стандард имплементиран во фонтовите (Arial, Times. New Roman, Tahoma, Verdana и т.н.), кој ги содржи сите азбуки во себе. Што би значело, со еден од овие Unicode фонтови може да се пишува на многу различни јазици т.е. да се користат различни познати азбуки. (Македонски, Српски, Бугарски, Турски, Шпански, Француски, Англиски и т.н.) не менувајќи го типот на фонтот.
На пример: Oвој документ е напишан со Arial фонт, а во него има кирилични и латинични зборови.

Поедноставно објаснување би било: Сите познати азбуки се вградени во овие unicode фонтови. Овие фонтови се влезени во стандард на Microsoft и се инсталираат со секој Windows оперативен систем. Што значи, напишан документ со овие фонтови, со било која азбука, ќе биде доследно видлив на сите компјутери.
Значи сите вие веќе ги имате овие фонтови, што значи ја имате Unicode поддршката за сите азбуки. Само треба да се повика азбуката која ќе ја користите. Во нашиов случај Македонска Поддршка. Како?
Најпрво да видиме дали е инсталирана Македонска поддршка на вашииот компјутер.

Проверка дали е инсталирана Македонска поддршка на Вашиот компјутер

Проверка дали е инсталирана Македонска поддршка на Вашиот компјутер!?
Погледнете доле десно на вашиот монитор. Дали наоѓате EN на Taskbar* (*Taskbar е плавото поле на долниот дел на вашиот монитор. Лево е Start копчето, па во десно се шират иконите за отварање на програми, а најдесно е часовникот) Значи, пред часовникот т.е. пред стрелката би требало да се наоѓа EN (Слика 1)

Слика1

Ако го гледате EN, кликнете на него со левото копче на глувчето и ќе го добиете следново: (Слика 2)

Слика 2

Со кликнување на English или FYRO Macedonian можете да изберете со која азбука ќе пишувате. Независно во која програма се наоѓате (Word, Exel, PowerPoint, Corel, Notepad и т.н.) може да правите избор во секој момент и да пишувате со азбуката која ви одговара. Кога ќе го направите изборот доле десно ќе се промени EN во MK или обратно, зависно која азбука е одбрана.

Распоред на букви на вашата тастатура
Распоредот на кириличните букви се разликува за малку од распоредот на кој сте наученни со користење на TTF фонтовите Mac C Swiss, Mac C Times и т.н. На долната слика (Слика 3) со црвено е прикажан распоредот на кириличните букви
.
Слика3


Како што гледате малку се разликува. Во десниот дел се групирани сите карактеристични кирилични букви (ш.ѓ,ч,ќ,ж) Другите се на исти места како и кај TTF фонтовите (Mac C Swiss, Mac C Times и т.н.) За кратко време ќе видите дека овој распоред е позгоден. Со кпчето Shift се активираат големи буквио. И тоа важи за сите. Не како кај некои TTF фонтови со притискање на Shift се куца мало ш, ѓ, ќ.

Резиме
Значи со кликнување на EN во десниот долен дел на екранот се појавува листа на која ви се прикажани инсталираните unicode поддршке. Со кликнување на соодветната азбука го вршите изборот.

Скратена команда за промена на азбука
е со притискање на копчињата Alt и Shift на левата страна на вашата тастатура. Ајде пробајте. Со палецот на вашата лева рак притиснете го и држете го притиснато копчето Alt , а со некој од другите прсти на левата рака (мене лично ми е најзгодно со домалиот прст) притиснете го кратко копчето Shift и пуштете ги обете. Ќе видите долу десно на екранот дека се променила состојбата на EN во MK или обратно, зависно кој била претходната. Ајде пробајте пак, ама вака, притискајте и пуштајте го копчето Shift со пауза од 1-2 секунди. Правете го ова со левата рака и гледајте доле десно како се менува состојбата на EN и MK.

Тоа би било се’ за избор на Македонска поддршка.

Во случај да ја немате инсталирано на вашиот компјутер, објаснувањето следи во: Инсталирање на Македонска поддршка!